ВИДЕО | Жена се мажи за холограм: Дали е ова победа на вештачката интелигенција над човечката раса?

Фото: Принтскрин/ Икс/ Metro

Шпанско-холандската уметница Алиша Фрамис ќе се мажи ова лето. И немаше да биде толку спектакуларна веста доколку таа не за свој иден придружник не го избра холограмот направен од вештачка интелигенција создаден од податоците на профилот на нејзините претходни партнери, пренесува „Метро“. 

Се работи за интелигентен холограм кој ги исполнува сите нејзини емоционални потреби, исто како што замислувавме пред дваесет години и она што го следевме во научно-фантастичните филмови. Денес, научната фантастика е, слободно можеме да кажеме, наша реалност.

„Замислете да имате партнер кој е тука за вас секогаш кога ви треба, врска која се бори против осаменоста во градовите. Ова е романтична врска помеѓу човечка и вештачка интелигенција“, стои во објавата на социјалните мрежи, во која исто така се наведува дека иако знаеме дека роботите и луѓето наскоро ќе станат сексуални партнери, Фрамис верува дека следниот важен чекор ќе биде емоционалното поврзување на луѓето со вештачката интелигенција.

Холограмите, објаснува таа, се поблиску до нејзините емоции отколку роботите.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ aliciaframis

„Знаеме дека наскоро роботите и луѓето ќе бидат сексуални партнери. Но, за мене, следниот важен чекор е емоционално поврзување на вештачката интелигенција со луѓето. Холограмите се потесно поврзани со моите чувства отколку со роботите, затоа избирам да развијам холограм наместо робот“, вели таа.

„Љубовта и сексот со роботи и холограми се неизбежна реалност. Тие се одлични придружници и се способни да изразат емпатија. Исто како што телефоните не спасија од осаменоста и ја пополнија празнината во нашите животи, холограмите како интерактивно присуство во нашите домови можат да одат чекор понатаму“, додава Фрамис.

Оваа Каталонка, која живее и твори во Амстердам, моментално е во процес на избор на својата идна венчаница. Засега, освен закажувањето, познато е и дека на менито на свадбениот ручек ќе се најде и молекуларна храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот