ВИДЕО | Земјоделците ги бараат субвенциите, Трипуновски вели дека земјоделството е столб на економијата
Кога ќе ги добиеме субвениците и она што го ветивте во програмата, министре? – вака дел од земјоделците синоќа му се обратија на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски на трибината „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, која се одржа во Битола.
Препорачано
– Значи, министре, кога ние ќе бидеме исплатени по грло? Кој те гласаше тебе, кој те шеташе по селата, сега не, не те признавам оти не работиш како што треба, ќе чекам новиот министер да дојде за еден месец, тоа ми е јасно. Јас дојдов, замижав, ја поддржав програмата тогаш, затоа што кога бевме во кабинeтот ми рече дека ќе почнеме со исплата, го исплати грозјето за да одиш на Свети Трифун. На 13 февруари лани ветивте 1. 600 хектари земја од Комбинатот (Земјоделски комбинат „Пелагонија“ н.з.) – рече еден битолски сточар.
Трипуновски, синоќа од Битола порача дека земјоделството останува еден од најважните столбови на македонската економија. На трибината рече дека регионот има значително влијание врз вкупното земјоделско производство во државата и дека токму затоа е важно директно да се слушне гласот на земјоделците.
-Целта на трибината е да допреме до секој земјоделец, да ги објасниме мерките и чекорите кои ги преземаме со цел зголемување на земјоделското производство и обезбедување на доволни количини на квалитетна и безбедна храна, како и стабилно ниво на приход на земјоделците – вели министерот.
Тој додаде дека Министерството останува отворено за соработка со земјоделците, при што го слушаат гласот на земјоделецот, а добронамерните идеи и сугестии ги реализираат на дело.


