ВИДЕО: Загрепски „Спајдермен“ скока по фасадата на Хрватскиот народен театар
Откако во текот на целиот викенд по порталите и социјалните мрежи се „вртат“ видеоснимки од стотици млади жители на Загреб кои „заборавија“ на коронавирусот и се забавуваат околу студентските домови, од каде полицијата ги растера, некои од нив се преселија пред Хрватскиот народен театар, веќе од порано добро познато место за собирање на младите.
Препорачано
Оттаму доаѓа видеото коешто докажува дека на младите, особено за време на пандемијата на коронавирусот, навистина не им недостасуваат луди идеи.
Снимката ја објавила режисерката и театролог Сњежана Бановиќ, а на неа се гледа како еден млад човек скока по фасадата на зградата на ХНК во прилично тесен простор на висина од неколку метри, некаде во висината на првиот кат на театарот.
Судејќи според снимката, самопрогласениот Спајдермен овој пат се извлекол, но некој помалку спретен на негово место не би преживеал ваква адреналинска игра.
????? pic.twitter.com/8m7mcZses8
— Snježana Banović (@snjbanov) February 7, 2021
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
52мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


