ВИДЕО | Заев: Сакаме зелена енергија, ќе поскапува и цената на струјата, сите инвестиции на државата во тој дел ќе чинат пари

Во интервјуто за Утрински брифинг, премиерот Зоран Заев се осврна на неодамнешната посета на Шпанија, каде се сретна со шпанскиот премиер.

-Педро Санчез со кој што сум добар пријател ми вели, Зоран 142 милијарди добивме од рикавери планот на Европа. 45% ќе оди за енергетика, 25% дигитализација. Во пандемијата најважни теми се инвестирање се обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, заштеда на енергија и дигитализацијата. Така што и ние како останатиот дел од светот сме таму насочени. Во Грција се отвораат многу перспективи, разговараме со големи брендови. Морам да ја спомнам и нашата инвестиција во Александропули. Имаме и компании кои се присутни во финални фази на инвестиции, ги отвораме нафтоводните можности, 25% сопственици таму, сакаме да го пуштиме во употреба. Го градиме гасоводниот систем кој не отвора само перспективи за Северна Македонија, туку стануваме главна транзитна точка, и претставува геостратегиски плус за земјава, вели Заев.

Тој нагласи дека граѓаните треба да знаат дека сите инвестиции кои државата ќе ги прави во фотоволтаици, ветерници, гасни централи ќе чинат пари.

-Сакаме зелена енергија, ќе поскапува и цената на струјата. Развиваме програми во кој што ќе создадеме фонд за обновливи извори. Следуваат сериозни предизвици, климатските промени си го носат своето, мора да бидеме составен дел од светот, имаме амбиција рамо до рамо со ЕУ, па дури и да бидеме порано од нив во делот на затворењето на РЕК Битола, Осломеј, рече премиерот Зоран Заев.

ВИДЕО | Заев: Веќе е видливо дека поразлично се живее – парите се враќаат кон граѓаните, покачена социјална помош, пензии и плати, работнички права, сѐ е различно од порано

ВИДЕО | Заев: Во СДСМ градам структури кои сакам да ја демократизираат, да има дебата, различност, кавги – ние сме отворена партија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот