ВИДЕО | Заев: Веќе е видливо дека поразлично се живее – парите се враќаат кон граѓаните, покачена социјална помош, пензии и плати, работнички права, сѐ е различно од порано

-Ја прифаќам сугестијата, сакам да учам, критиката држи вода, повеќе „бели глави“ се потребни и на поистурени функции, нагласи Заев.

Новиот состав на СДСМ треба да биде авангардата што влече напред, дециден е лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто за Утрински брифинг.

-Јас сум претседател и на Владата и на СДСМ, на еден огромен резервоар на експерти од кои барам ставови. Генерираме сосема ново поглавје на општественото живеење и се тоа мора да влече напред. Некој можеби мисли дека поразлично би било доколку гледаме мудреци со бели коси и бради. Но тие се секаде околу нас, одлуките ги носат помлади луѓе, вели Заев.

Тој нагласува дека и во овие последни четири години немало мудреци со бели коси што седеле во раководството, но партијата има сериозни државнички политики.

-Новината не е само во слободата и демократијата. Денеска сме меѓународен пример, потврдени од сите, добредојдени, соработката и пиететот со кој што се зборува за Северна Македонија е врв на Балканот. Пример сме, имаме пријатели, станавме членка на НАТО. Веќе е видливо дека поразлично се живее – парите се враќаат кон граѓаните, зборуваме за 300% социјална помош, покачени пензии и плати, работнички права, што е поприлично различно од порано, додаде Заев.

-Но еве, ја прифаќам сугестијата, сакам да учам, критиката држи вода, повеќе „бели глави“ се потребни и на поистурени функции, нагласи Заев.

ВИДЕО | Заев: Во СДСМ градам структури кои сакам да ја демократизираат, да има дебата, различност, кавги – ние сме отворена партија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот