ВИДЕО | За племето од островот Тана принцот Филип бил Бог: Смртта на војводата од Единбург ќе ја одбележат со посебни ритуали

Profimedia
Profimedia

Племе во далечната пацифичка островска држава Вануату, кои го чествувале принцот Филип како Бог, ќе ја одбележи неговата смрт со ритуална жалост и свечен танц, изјавил експерт за странските медиуми.

Групата што живее во селата на островот Тана во областа на поранешната англо – француска колонија го почитувала војводата од Единбург и верувала дека тој е реинкарнација на антички воин кој го напуштил островот за да војува.

Духовната група Јаохнанен како и жителите на околните села веруваат дека воинот ќе се врати на островот со богата бела жена.

Етнологот Кирк Хафман, експерт за таканареченото „движење на принцот Филип“, изјавил за „Дејли Tелеграф“ дека „веројатно ќе има некоја ритуална жалост и некои посебни танци“.

Фокусот е насочен кон мажите кои пијат пијалок добиен од коренот на растението папра – тоа е клучот за отворање на вратата кон другиот свет. На Тани, овој пијалок не е наменет за редовно конзумирање, но се верува дека го поврзува материјалниот со нематеријалниот свет, изјавил Хафман.

Етнологот додал и дека островјаните можат да продолжат со духовните обичаи поврзувајќи ги своите верувања кон принцот Чарлс, кој последен пат го посетил Вануату во 2018 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот