Фото: социјални мрежи / скриншот

ВИДЕО: Волк лежи мирен покрај јагниња во највисокиот град на Балканот

Ретка сцена е забележана деновиве кај црногорското гратче Жабљак, на планината Дурмитор – стопанот на еден изолиран имот за време на снежна бура затекнал волк како мирно лежи покрај неговите овци, кравите и другите животни во шталата.

Според научниците кои ги проучуваат волците и нивното однесување, ова навистина не се гледа често, но и дека одамна постојат и веќе се документирани ситуации во кои волци се пронајдени во штали и други објекти заедно со добиток, без да нападнат ниту едно од другите животни.

Објаснувањата велат дека ова може да се случи во екстремни временски услови, кога волците понекогаш бараат засолниште, а добитокот не реагира со бегање и паника, па на волкот не му се буди поривот за убивање. Исто така, можно е животното да било болно или рането, велат научниците.

Гратчето Жабљак, во кое живеат помалку од 2.000 жители, е познато како „највисок град на Балканот“ и тоа се наоѓа на 1.456 метри надморска височина.

ВИДЕО: Мечка преплива цело езеро во Грција, долго 20 километри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот