Доналд Трамп/Тревор Ноа/Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS/Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Водителот на Греми го „поткачи“ за Епстин, Трамп му се закани: Ќе испратам адвокати да го тужат тој патетичен, неталентиран идиот!

Доделувањето на Греми, освен по музичките награди, ќе бидат запаметени и по жестокиот политички конфликт помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и водителот Тревор Ноа. Веднаш по завршувањето на церемонијата, Трамп се огласи на својата платформа Тру сошал (Truth Social), не штедејќи навреди на сметка на емисијата и нејзиниот водител.

– Наградите Греми се НАЈЛОШИ, практично неописиви! Си-би-ес има среќа што ова ѓубре повеќе нема да ги загадува нивниот етер – напишал Трамп, осврнувајќи се на фактот дека ова била последната година од договорот на мрежата.

Трамп бесот особено го насочил кон Ноа поради шегата за Епстин.

– Водителот Тревор Ноа, кој и да е тој, е речиси лош како Џими Кимел. Ноа ЛАЖНО изјави дека Бил Клинтон и јас сме поминувале време на островот на Епстин. ПОГРЕШНО! Никогаш не сум бил таму, ниту блиску, и никогаш не бев обвинет за тоа дури ниту од лажните медиуми – додал американскиот претседател.

 

Трамп се заканил и со правни последици поради спорната шега.

– Ноа, тотален губитник, подобро нека брзо ги провери фактите. Изгледа дека ќе ги испратам моите адвокати да го тужат тој кутар, патетичен, неталентиран идиот од водител, и тоа за многу пари. Подготви се, Ноа, ќе се позанимавам со тебе!“

Самата церемонија на доделување награди беше обележана со протести против федералните агенти за имиграција (ICE).

Ѕвездите како Били Ајлиш, Џастин Бибер и Бед Бани на синоќешната церемонија носеле значки „ICE Out“ на црвениот тепих како одговор на неодамнешните убиства на Рене Гуд и Алекс Прити во Минеаполис.

Били Ајлиш, добитничка на наградата за песна на годината, била директна во својот говор: „Никој не е нелегален на украдена земја. Нашите гласови се важни, луѓето се важни. Е.и се ICE.“

Доделени музичките награди „Греми“: Бад Бани испиша историја, а Кендрик Ламар e апсолутен победник на вечерта

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот