Лурдес Леон - Фото: EPA/CAROLINE BREHMAN

ВИДЕО | Лурдес ја покажа својата самодоверба во Париз со екстремно смело издание во стилот на мајка ѝ Мадона

Ќерката на поп-ѕвездата Мадона, Лурдес Леон, беше во центарот на вниманието на Париската недела на модата. Таа присуствуваше на ревијата на брендот „Отолингер“, облечена во смела, речиси проѕирен долг фустан со интересни детали, под кој се наѕираше долната облека, додека преку рамото носеше темна јакна, црна чанта и отворени потпетици.

Лурдес, која се претставува како Лола, ги следи стапките на нејзината мајка не само во светот на модата, туку и во музиката и глумата. Нејзиниот модно деби беше во 2018 година на Неделата на мода во Њујорк, а оттогаш носела модели на „Версаче“ во Милано и учествувала во кампањи на „Сваровски“, „Марк Џејкобс“, „Стела Мекартни“ и „Конверс“.

Таа се школувала во престижната школа „La Guardia School of Performing Arts“ и говори француски и шпански. Како што самата истакнува, сака светот да знае дека е повеќе од „ќерката на Мадона“:

„Луѓето мислат дека сум богато дете без талент, но тоа не е вистина“, изјавила Лурдес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот