ВИДЕО: Во социјалната зграда во Бутел ќе бидат сместени 312 семејства од ранливи категории

Фото: Влада на РСМ

Околу 95 проценти од градежните работи се реализирани во социјалната зграда во општина Бутел. Зградата има два влеза, со приземје и 13 катови. Секој кат ќе има по 24 станови, а предвиден е и простор за инвалиди. Вредноста на зградата е десет милиони евра. Во оваа зграда ќе бидат сместени 312 социјално загрозени семејства.

Не садиме палми во Вардар за стотици илјади евра, не градиме шпански скали, не правевме фасади од стиропор, не правевме скулптури на бикови и шмизли за милиони евра, туку со истите средства – социјална зграда со 312 станови за социјално ранливи категории граѓани. Вложуваме во потребите на граѓаните и тоа многу гордо можеме да го кажеме, порача премиерот Димитар Ковачевски кој денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски,  заменикот министер за транспорт и врски, Беким Реџепи и директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Зоран Ѓоргијев направија увид во градежните активности.

Министерот Бочварски потенцираше дека преку ваквите проекто го враќаат достоинството на ранливите категории на граѓани и овозможуваат пристоен живот и стабилно домување.

-Оваа зграда не е само капитален објект, таа е иден дом за 312 семејства. Вложивме околу 9,8 милиони евра за нејзина изградба за да помогнеме на деца без родители, на корисници на постојана парична помош, на самохрани родители, лица со попреченост. Сите тие имаат подеднакво право да се чувствуваат заштитени од државата. И драго ми што придонесуваме за подобар живот на граѓаните и веќе резултати се видливи насекаде низ државата, додава тој.

Фото: Влада на РСМ

Според директорот на Акционерското друштво, Ѓоргијев транспарентноста помеѓу институциите овозможила во краток период да бидат објавени повици за распределба на социјални станови во повеќе општини на ниво на цела држава.

-Континуирано и напорно работиме, со цел да обезбедиме поквалитетен и достоинствен живот, порача Ѓоргијев.

Станбената зграда за социјално загрозените семејства е со вкупна површина од речиси 13.300 метри квадратни, досега најголема во државата.
По заокружувањето на градежните работи, што се очекува да се случи за неколку месеци, ќе биде распишан оглас за доделување на становите во социјалната зграда во општината Бутел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот