ВИДЕО: Во Разград Бугарија водеше со голот на Десподов, Македонија израмни преку Ристовски

Момент од натпреварот во Разград меѓу Бугарија и Македонија во Лигата на нации/фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Денеска од 20.45 часот македонската А репрезентација ќе го игра последниот натпревар од групата „4“ од Ц сегментот во Лигата на нации против Бугарија.

Дуелот ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје и ќе го суди Јулијан Вајбергер од Австрија.

На првиот меѓусебен меч во Разград годинава на 2 јуни на „Хуверфарма“ арената во Разград немаше победник (1:1).

Бугарите дојдоа во водство во 13 минута со погодокот на Кирил Десподов, а нашата селекција израмни во 50 минута преку Милан Ристовски. Тоа беше првиот официјален натпревар помеѓу овие две репрезентации.

Претходните меѓусебни средби биле пријателски:

12 април 1995 година Македонија – Бугарија 0:0
28 мај 1996 година Бугарија – Македонија 3:0
25 март 1998 година Македонија – Бугарија 1:0
15 август 2001 година Бугарија – Македонија 1:0
1 март 2006 година Македонија – Бугарија 0:1
14 август 2013 година Македонија – Бугарија 2:0
29 март 2016 година Македонија – Бугарија 0:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот