ВИДЕО | Во пижами: Џони Деп дел од модното шоу на Ријана

Фото: Unsplash

Американскиот актер Џони Деп беше дел од модната ревија на славната пејачка и дизајнерка Ријана, „Savage X Fenty“.  Холивудскиот шармер ги почести присутните со неговото појавување во модното шоу облечен во темно зелени пижами од брендот на Ријана, „Savage“, поддржан од  саундтракот на песната на „Outkast“ – „So Fresh, So Clean“. Наводно, актерот ги „редизајнирал“ со помош на Ријана неговите препознатливи мустаќи и брадата специјално за шоуто.


Откако Ријана го објави појавувањето на Џони Деп, супермоделите Џиџи и Бела Хадид одбија да учествуваат на ревијата. Покрај сестрите Хадид, фронтменот на инди – поп групата „Years & Years“, Оли Александар, изјавил дека повеќе нема да носи облека на „Savage X Fenty“ и ги повика колегите да го бојкотираат брендот на пејачката.

Ревијата за долна облека „Savage X Fenty“ на Ријана беше премиерно прикажана на „Amazon Prime“. Покрај самата Ријана, во ѕвезденото шоу учествуваа и Кара Деливин, Ирина Шајк, Џоан Смолс и Анита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот