ВИДЕО: Во машината за мелење месо во викендичката на Беливук пронајдени ДНК од две различни жртви

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин изјави денеска дека по вештачењето, МВР и Обвинителството за организиран криминал дефинитивно потврдиле дека машината за мелење месо пронајдена во викендичката на кланот на Вељко Беливук во белградски Ритопек имало повеќе примероци на ДНК од различни жртви.

Иако вештачењето сè уште трае, сите траги засега укажуваат на тоа дека трагите на ДНК на индустриската машина за мелење месо им припаѓаат на Радојевиќ и на Лепоја, на кои веќе подолго време им се губи секоја трага и се верува дека се киднапирани од членовите на криминалната група на  Беливук, пишува „Новости“.

– Ниту едно злосторство на кланот Беливук и Мијковиќ нема да остане неразјаснето. Откако најдовме тајна просторија во куќата на ужасот во Ритопек, во која, покрај оружјето и експлозивите, имаше и индустриска машина за мелење месо, припадниците на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за организиран криминал дефинитивно потврдија дека таму биле неколку ДНК на разни жртви на овој клан, посочи Вулин.

Според него, оваа „убиствена група“ мачела луѓе, ги убивала и на крајот ги мелела нивните остатоци за да ги доуништи и разнесе.

Полицијата објави и видео од „куќата на смртта“ во Ритопек.

Вучиќ: Криминалната група околу Беливук беше ужасно силен огранок на мафијашкиот клан од Црна Гора

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот