ВИДЕО | Во Кина јавно посрамотени луѓето кои не ги почитуваат ковид мерките

Фото: Youtube Screenshot

Најмалку четири лица осомничени за кршење на строгите мерки против коронавирусот во Кина се јавно посрамотени во град на југот на земјата, пишува британски Телеграф.

Тие ги одвеле прекршителите пред толпа луѓе

Државните медиуми денеска објавија дека властите ги одвеле прекршителите во бели заштитни одела пред толпа луѓе во градот Џингси во автономната област Гуангкси.

Лицата се обвинети дека им помагале на илегалните мигранти да ја преминат границата од соседен Виетнам.

Од почетокот на пандемијата, националните граници на Кина се затворени поради страв од ширење на коронавирусот.

Носеле картони со нивните фотографии и имиња

Кратките видеа кои кружат на социјалните мрежи ги покажуваат луѓето како носат картони со нивната фотографија и име додека двајца чувари ги водат низ бучните улици. Парадата ја надгледуваа десетици полицајци, некои од нив и вооружени.

На кинеските социјални мрежи драстичните владини мерки добиваат одредено охрабрување.

„Луѓето како нив го заслужуваат тоа. Што ако го донесат вирусот во земјата? пишува еден корисник на онлајн платформата Weibo.

Сцени кои потсетуваат на времето на Мао Це Тунг

Сцените потсетуваат на јавните понижувања кои беа вообичаени за време на културната револуција под Мао Це Тунг, од 1966 до 1976 година.

Кинеската влада целосно ја забрани парадата на обвинетите во 2010 година, но во последниве месеци оваа практика беше оживеана во пресрет на контролата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот