Водич вандализираше пирамида во Египет/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Во Египет уапсен туристички водич кој вандализираше пирамида стара 4.000 години

Египетските власти уапсија туристички водич за вандализирање на пирамида стара 4.000 години. Египетскиот туристички водич беше уапсен откако се појави видео на кое се гледа како црта цртежи со креда на пирамида во археолошкото наоѓалиште Сакара во близина на Каиро.

Лицето кое го снимило видеото дури опишало како кога му кажал на туристичкиот водич дека она што го прави е погрешно, тој одговорил: „Сериозен ли си?“

По апсењето, туристичкиот водич признал дека го испланирал инцидентот, а египетското Министерство за внатрешни работи започна истрага за инцидентот. Според локалните медиуми, туристичкиот водич наводно се извинил, тврдејќи дека тоа му е прв ден на работа по четири години и дека прекумерната возбуда го навела да направи „непростлива грешка“.

Според египетскиот закон, туристичкиот водич се соочува со минимум една година затвор и парична казна од 6.500 евра ако биде осуден за оштетување антиквитети.

Како што објаснија археолозите за „Дејли меил“ , хемикалиите содржани во кредата можат да реагираат со варовник и гранит, потенцијално предизвикувајќи површинска ерозија.

Од своја страна, Египетскиот синдикат на туристички водичи нагласи дека неговите членови посветуваат големо внимание на зачувувањето на спомениците и го опиша инцидентот како изолирана грешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот