Aрхус/AGF

ВИДЕО | Во Данска шампион стана екипа која 40 години чекаше на титула

По цели четири децении чекање, Архус повторно се искачи на врвот на данскиот фудбал и ја освои шампионската титула.

Големото славје започна по триумфот од 2-0 на гостувањето кај големиот ривал Брондби, со што Архус на едно коло пред крајот и математички ја обезбеди шампионската круна.

Ова е шеста титула во историјата на клубот, но прва по пауза од дури 40 години. Гостинските фудбалери клучната работа ја завршија уште во првото полувреме, кога двапати ја затресоа мрежата на домаќинот и создадоа предност која Брондби не успеа да ја анулира.

Во вториот дел домаќините се обидуваа да се вратат во натпреварот, создаваа притисок и бараа пат до голот, но одбраната на Архус успеа да ја сочува мрежата и да го потврди историскиот успех.

На патот до титулата помогна и киксот на Митјиланд, кој претходно одигра нерешено против Нордсјиланд. Со новите три бода Архус избега на недостижна предност од 64 бодови, додека Митјиланд втора година по ред останува без шампионскиот пехар.

Дербито во Штип без победник, неизвесна битка за влез во ПМФЛ

ВИДЕО | Барселона е шампион на Шпанија, Рашфорд и Торес го урнаа Реал за делириум на „Камп Ноу“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот