ВИДЕО | Во Австралија се појави нов брутален спорт, ризикот од страшни повреди е преголем
Во Австралија се појави нов екстремен спорт по име „RunNation“, кој за многу кратко време привлече огромно внимание поради својата брутална едноставност. Концептот е директен и јасен: двајца натпреварувачи спринтаат еден кон друг со полна брзина по кратка и тесна стаза, а она што најмногу ја возбудува публиката е клучниот момент, нивниот судар.
Препорачано
Едниот натпреварувач е „тркач“ чија задача е да ја пробие линијата, додека другиот е „бранител“ кој мора да го запре со директен удар. Минималните правила и чистиот физички контакт го ставаат акцентот на сила, експлозивност и способност за поднесување на удар. Не е случајно што тркачот носи топка налик на онаа што се користи во рагби, австралиски фудбал или американски фудбал.
„RunNation“ се појави од вирални предизвици на социјалните мрежи, но веќе прераснува во организиран настан со публика и јасни спортски амбиции. Првите демонстрации во Сиднеј привлечоа натпреварувачи од различни контактни спортови, вклучувајќи и боречки дисциплини, што на целиот концепт му дава дополнителна тежина.
Истовремено, спортот буди и сериозни контроверзии, стручњаците предупредуваат на висок ризик од повреди, особено потреси на мозокот и други последици што ги носат сударите со полна брзина без заштитна опрема.
A new Australian sport has one rule: run straight into another human at max velocity
pic.twitter.com/Sx1x2i7b3K— Daily Loud (@DailyLoud) November 20, 2025
Презеемено од: Спорт.ком.мк


