ВИДЕО: Внукот на Мухамед Али блескаше на дебито, судијата мораше да го прекине мечот

Во дебито со технички нокаут го победи Џордан Викс/Фото: instagram.com/nicoaliwalsh

Наследникот на Мухамед Али влезе во рингот и привлече големо внимание. Нико Али Волш успешно ја започна својата боксерска кариера…

Показател за тоа е боксерскиот ринг во кој се најде внукот на легендарниот Мухамед Али. Али Волш (21) дебитираше со победа против поранешниот ММА борец Џордан Викс.

Влезе во рингот во шорцевите на легендарниот Мухамед од 60-те години на минатиот век, уште во првата рунда судијата беше принуден да ја прекине борбата, Нико победи со технички нокаут.

Инаку, Боб Арум, човекот кој ја организираше првата борба на еден од најголемите боксери на сите времиња, исто така го надгледуваше влегувањето на внукот на Мумахед во рингот.

– Тој беше промотор на мојот дедо, а сега мој. Звучи лудо. Холивуд би требало да сними филм за тоа – рече Волш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот