ВИДЕО | Витор Роке со првенецот во Ла Лига донесе победа за Барселона

Фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

По поразот во драматичниот натпревар против Виљареал минатото коло, Барселона денеска во рамките од 20-тото коло во Ла Лига им се врати на победите.

Каталонците денес славеа минимално на свој терен против екипата на Осасуна. Во првото полувреме од средбата мрежите мируваа, а одлучувачкиот момент го видовме во вториот дел.

По 15-тина минути игра во листата на стрелци по асистенцијата од Кансело се запиша новото засилување Виктор Роке кој овој момент сигурно вечно ќе го памети бидејќи го постигна дебитнатскиот гол во дресот на Барселона.

Само четири минути подоцна ситуацијата за гостите стана уште потешка бидејќи Гарсија заработи втор жолт картон и предвреме го заврши натпреварот. До крајот на натпреварот мрежата на Осасуна се тресеше и уште еднаш, но тој гол на Левандовски беше поништен поради недозволена позиција.

Барселона на табелата во овој момент има 47 бода, три повеќе од Атлетико Мадрид кој својот натпревар од ова коло го игра вечерва и тоа против Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски. Реал Мадрид на второто место има 54, а лидерот Жирона 55, треба да се знае и дека „кралевите“ се со натпревар помалку.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот