ВИДЕО| Вистински херој: Руски полицаец скокнал во студената река за да спаси девојче

Рускиот полицаец кој спасил девојче од студената река/ Фото Twitter Screenshot

Денис Кузмин, полицаец во градот Псков на северот на Русија, преку ноќ стана херој на руските медиуми, откако скокнал во студената река Псков и спасил дванаесетгодишно девојче кое претходно скокнало од мостот. 

Кога скокнала од мостот, девојката повикала на помош. Еден од очевидците веднаш се јавил во полиција, која испратиле патрола, во која бил и Денис Кузмин. 

Според руските медиуми, тој на својот колега му го дал појасот со пиштолот, го соблекол горниот дел од униформата и скокнал во студената река.  

Во меѓувреме еден случаен минувач скокнал по него со цел да му помогне. Мала група минувачи се собрале и му помогнале на полицаецот да го извлече девојчето од реката до брегот. 

Наскоро, на местото на настанот пристигнале други патроли како и брзата помош, која се грижела за девојчето. 

Мотивот зошто девојката одлучила да скокне од мостот не е познат. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот