тикток тренд
Фото: Принтскрин/IMDB/Твитер

ВИДЕО | Вирален тренд на „ТикТок“: Тинејџери одат во костуми да го гледаат „Minions: The Rise of Gru“

По објавувањето на филмот „Minions: The Rise of Gru“ на 1 јули, тинејџери ширум светот се приклучија на трендот на „TikTok“ и почнаа да се појавуваат во кина во свечена облека – обично костуми со додаток – очила за сонце, а во некои кина поради тоа им било дури забрането да влезам.

Во виралните видеа на „TikTok“ може да се видат групи тинејџери кои пристигнуваат во локалните кина облечени во костуми и вратоврски, нарекувајќи се себеси „Gentleminions“ – „Џентлминионс“.

Овој тренд и оние кои го практикуваат имаат за цел да се спротивстават на шеговитата природа на филмот со сериозноста на дотерувањето за филм. Досега, видеата означени со хаштагот #gentleminions на „TikTok“ собраа 65,4 милиони прегледи.

Во центарот на филмот е 12-годишниот Гру и приказната за тоа како ги запознал малите, жолти Миниони кои станаа дел од поп културата во последните години.

Настрана од присуството на социјалните мрежи, овој тренд може да има врска со тоа што „Rise of Gru“ ужива огромен успех на бокс офисот од неговото објавување минатиот викенд.

Иако трендот е прилично безопасен, некои кина презедоа рестриктивни мерки против „Gentleminions“ поради вознемирување на другите гледачи.

Има извештаи за тинејџери кои за време на проекциите фрлале банани – омилената храна на Минионите. Според „The Wall Street Journal“, други известуваат за општ немир што го намалува искуството на другите гледачи.

Едно кино во Англија целосно престана да го прикажува филмот поради инцидентите на „Gentleminions“, но почна повторно да го прикажува под еден услов: „За жал, без костумите на „Gentleminions“.

Не е јасно дали овој тренд предизвика продажба на повеќе билети, но „Minions: Rise of Gru“ има импресивна заработка досега, заработувајќи 108,5 милиони долари само во првите две ноќи од прикажувањето.

Продолжението на „Minions“ од 2015 година требаше да излезе пред две години, но беше одложено поради пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот