Домагој Дувњак прст/Screenshot/Instagram

ВИДЕО | Ветеранот Дувњак е голем борец – му го наместија прстот и го продолжи натпреварот

Ветеранот Домагој Дувњак кој го носи дресот на германски Кил се најде во центарот на вниманието поради својата борбеност која ја покажа на ракометните терени.

Во натпреварот против Рајн Некар Левен во еден дуел Дувњак го измести прстот, а иако многу ракометари во тој момент би го завршиле натпреварот, тоа не беше случај со хрватскиот ветеран.

Имено, докторите во Кил набрзо покрај теренот му го вратија прстот на место, по што Дувњак продолжи да игра. Не успеа до крајот да се запише во листата на стрелци, меѓутоа еднаш асистираше.

Кога е натпреварот во прашање Кил успеа и да слави со еден разлика 28-27.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by THW Kiel (@thwhandball)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот