ВИДЕО: Верона не реализираше пенал во 100 минута за реми против Интер

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Интер во својот прв натпревар во 2024 година со минимален резултат 2:1 триумфираше на домашен терен против Верона во 19 коло од Серија А.

Водечкиот во италијанскиот фудбалски шампионат стекна предност со погодокот на Лаутаро Мартинез во 13 минута. Израмнувањето на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано се случи во 74 минута кога гостите стрелаа преку Тома Анри.

Големи возбудувања имаше во самиот финиш од средбата, во 94 минута Интер постигна нов гол преку Давиде Фратези.

Гостите имаа шанса во 100 минута да го избегнат поразот, но непрецизен од белата точка беше Анри кој ја погоди стативата.

Интер е првопласиран на табелата со 48 бодови, пет помалку од водечкиот Јувентус кој својот меч од оваа рунда ќе го одигра в недела од 18.00 часот на гости кај Салернитана. Верона е на 18 позиција со 14 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот