Виктор Вембањама/San Antonio Spurs

ВИДЕО: Вембањама погоди во последната секунда и го одведе Сан Антонио во плеј-офот, првпат по шест години

Виктор Вембањама со херојски потег во последната секунда му донесе победа на Сан Антонио против Феникс (101:100), а триумфот значеше и пласман во плеј-офот каде што Спарс ќе играат по пауза од цели шест години.

Францускиот кошаркар натпреварот го заврши со 34 поени и 12 скока, а решавачкиот кош дојде по неверојатна серија на Спарс во последната минута. При водство на Феникс од 100:99, Вембањама не се плашеше да преземе одговорност и преку противнички кошаркар погоди за голем триумф.

Во редовите на Сан Антонио се истакна и Диерон Фокс со 23 поени, додека Џулијан Шампани додаде 14.

Кај Феникс, Колин Гилеспи постигна 24 поени, а Девин Букер додаде 22, но тимот со овој пораз остана на седмата позиција на Западот.

Од останатите натпревари се издвојува убедливата победа на Лос Анџелес Лејкерс на гостувањето кај Мајами со 134:126, предводени од фантастичниот Лука Дончиќ со дури 60 поени.

Кливленд исто така славеше против Чикаго со 115:110, благодарение на одличното издание на Џејмс Харден, кој постигна 36 поени и погоди седум тројки.

Импресивен настап имаше и новакот Ви Џеј Еџкомб, кој експлодираше со 38 поени во победата на Филаделфија против Сакраменто со 139:118.

Резултати:

Мајами – Лос Анџелес Лејкерс 126:134
Сан Антонио – Феникс 101:100
Чикаго – Кливленд 110:115
Сакраменто – Филаделфија 118:139
Јута – Милвоки 128:96
Шарлот – Орландо 130:111
Вашингтон – Детроит 95:117

ВИДЕО: Чудесниот Дончиќ постигна 60 поени против Мајами, противничките навивачи му скандираа „МВП“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот