Лука Дончиќ/Los Angeles Lakers

ВИДЕО: Чудесниот Дончиќ постигна 60 поени против Мајами, противничките навивачи му скандираа „МВП“

Лука Дончиќ изминатата вечер го одигра еден од своите најдобри натпревари во кариерата и со 60 поени ги водеше Лејкерс до победа над Мајами хит од 134-126.

Колку беше доминантен словенечкиот кошаркар говори и сцената од самиот финиш, кога застана на линијата за слободни фрлања, а противничките навивачи почнаа да му скандираат „МВП“.

„Мислам дека секој играч сака да го слушне тоа. Се наежив, беше навистина посебно“, изјави Дончиќ по средбата.

Од игра Дончиќ шутираше 18 од 30, а натпреварот го заврши и со седум скока и пет украдени топки.

Со ова тој го изедначи својот втор најдобар поентерски учинок во кариерата. Подобар беше само против Атланта во 2024 година кога постигна 73 поени, додека овие 60 поени се израмнување со неговиот настап за Далас против Њујорк во 2022 година.

Неговата спектакуларна вечер во Мајами дури и го засени подвигот на Леброн Џејмс кој го изедначи рекордот на Роберт Периш по бројот на одиграни натпревари во историјата на НБА лигата, во меч во кој забележа трипл-дабл со 19 поени, 15 скока и 10 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот