ВИДЕО | Велкова-Тодоровска: Извештајот на омбудсманот денеска пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Денеска во Собранието на дневен ред прво е координацијата на координаторите на работните групи кај собранискиот спикер Талат Џафери и ја договараат целата работна недела што ќе се случува во текот на следните работни денови.

– Денеска има една комисија а тоа е Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците каде на дневен ред се неколку извештаи, меѓу нив и годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедување, почитување, унапредување и заштита на човековите права и слободи за 2020 година. За среда најавено е седница во 15 часот на Комисијата за надворешна политика на која треба да се дебатира за преговорите со Бугарија. Најавено е и учество на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи. Паралелно опозициската ВМРО – ДПМНЕ протестите за како што велат информирање на јавноста за тоа што владата преговара со Бугарија од крстосниците се префрлаат пред министерството за надворешни работи, информира во утрински брифинг новинарката Весна Велкова Тодоровска.

Видео на денот