ВИДЕО: Величествено простување на навивачите на Лацио од Синиша Михајловиќ

фото: EPA-EFE/CLAUDIO PERI

Лацио го пропушти водството од 2:0 против Емполи во Рим и на крајот конечниот резултат беше 2:2.

Натпреварот на „Олимпико“ го одбележа одличниот гест на тамошните симпатизери и почитта кон Синиша Михајловиќ и Џанлука Вијали.

Навивачите на Лацио му оддадоа посебна почит на својот поранешен играч, легендарниот српски фудбалер.

Михајловиќ играше за Лацио од 1998 до 2004 година, а цел стадион пред натпреварот го скандираше неговото име.

На големиот екран беа прикажани видеа од неговите голови, додека трибините беа исполнети со транспаренти и проштални пораки од освојувачот на шест трофеи со „небесно-сините“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот