Eлиф Елмас/EPA/CESARE ABBATE

ВИДЕО | Важни бодови за Наполи против Сасуоло, Елмас го напушти теренот поради грип

Денеска во 21 коло од Серија А фудбалерите на Наполи дома со 1:0 триумфираа над Сасуоло за важни бодови во трката за Скудетото.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше во стартниот состав на Антонио Конте и настапи до 57 минута кога беше заменет од Политано.

Според информациите Елмас не го напуштил теренот поради повреда, туку почувствувал вртоглавица, и тоа веројатно се должи на симптоми на грип.

Стрелец на единствениот гол за домаќините го реализираше Лоботка во седмата минута во чија акција придонесе и Елмас.

Наполи е моментно на третото место со 43 бодови, колку и второпласираниот Милан, а водечки е Интер со 49. Сасуоло после 10 пораз сезонава е на 12 место со 23 бодови.

Се одигра уште еден меч во саботата, Каљари на домашен терен со 1:0 со голот на Мацители во 65 минута славеше против Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот