ВИДЕО: Варан му донесе триумф на Јунајтед против Вулверхемптон

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Со натпреварот Манчестер јунајтедВулверхемптон заврши првото коло од новата сезона во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ на својот „Олд Трафорд“ со минимален резултат 1:0 го совладаа Вулверхемптон.

Стрелец на единствениот гол за победничката екипа беше францускиот дефанзивец Рафаел Варан. Во 76 минута Арон Ван-Бисака центрираше, а сето тоа добро го следеше Варан и погоди за освојување на првите три бода.

Гостите можеа да го избегнат поразот седум минути подоцна кога Фабио Силва направи одлична позиција за шут, но новиот голман на Јунајтед Онана добро реагираше.

Онана се истакна и во следниот напад на Вулверхемптон, односно камерунскиот чувар на мрежата излезе како победник во дуелот со Фабио Силва.

Во второто Манчестер јунајтед ќе му гостува на Тотенхем, додека Вулверхемптон на домашен терен терен ќе го пречека Брајтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот