Фото: Screenshot X Sandzak Danas

ВИДЕО | Ужасни сцени во Нови Пазар – боксерски меч прерасна во масовна тепачка

Немили сцени доаѓаат од Нови Пазар, Србија, каде навивачите влегоа во рингот по поразот на боксерот, по што дојде до масовна тепачка.

Во салата „Емир Хаџимујовиќ“ во Нови Пазар тепачката избувнала веднаш по завршувањето на борбата, откако боксерот кој го победи Вахид Кицара од Нови Пазар почнал да слави во рингот.

Ова предизвика жестока реакција, и се чини дека првиот што скокна беше еден човек во бела маица, кој изгледаше како да е член на стручниот штаб на домашниот боксер. Тој го удри со тупаница победникот во борбата, кој клечеше на средината од рингот. По ова, сите од првиот ред влетаа во рингот и ситуацијата излезе од контрола.

Редарите и организаторите не можеле да ја смират ситуацијата, па програмата била прекината.

Нема официјални информации за повредени или за укажана медицинска помош. Полицијата интервенирала за да спречи понатамошни инциденти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот