Фото Јутуб принтскрин

ВИДЕО | „Утре сум на училиште“, првите зборови на малиот Ахмет откако беше спасен по 70 часа во урнатините

Шокантни се човечките приказни кои се откриваат по земјотресот во Турција секогаш кога спасувачките екипи успеваат да извлечат човек. Една таква е онаа на 7-годишниот Ахмет Ердем, кој беше извлечен жив од урнатините на зградата во градот Антијаман во регионот Кахраманмарас 70 часа по смртоносниот земјотрес.

На видеото од спасувањето на 7-годишното дете кое беше заробено во катниот станбен комплекс во Антијаман , се слуша како малото момче бара гума за џвакање.

„Ќе ти дадеме гума за џвакање Ахмед. Веќе имаме подготвен чоколаден леб. Ајде, мој Ахмед, ајде момче мое“, му велат спасувачите на 7-годишното дете.

Според турските медиуми, првите зборови на 7-годишниот Ахмет кога излегол од урнатините биле „Утре имам училиште“.

Снимката од спасувањето на 7-годишното момче по земјотресот во Турција повторно ја објави и министерот за транспорт и инфраструктура на Турција , Адил Карајмаилоглу , кој во описот „ти си иднината и надежта на Турција“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот