ВИДЕО: Ураганот Никол за неколку часа ќе пристигне до источниот брег на Флорида

Ураганот Орлин ќе го зафати мексиканскиот брег/Фото: EPA-EFE/David Guzman

Ураганот Никол се очекува во следните неколку часа да пристигне до источниот брег на Флорида, проследен со силни ветришта и опасни удари на невремето, соопшти Националниот центар за урагани на САД (NHC), пренесуваат британските медиуми.

Американските медиуми пренесуваат дека властите на Флорида вчера им наредиле на жителите во најмалку три окрузи да се евакуираат од најоддалечените острови и ниски области, како и од мобилните куќарки.

Десетици лица вчера беа евакуирани од чувствителни локации на северозападните Бахами додека ураганот Никол се приближуваше до островот.

Официјални лица на Бахамите соопштија дека само неколку лица се пријавиле во повеќе од дваесетина активни засолништа, а поплави и прекини на електрична енергија биле пријавени во местото Абаку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот