Јулија Стародубцева/Screensho/X

ВИДЕО | Украинка приреди изненадување во Париз: Славеше против втората светска тенисерка

Украинката Јулија Стародубцева приреди големо изненадување на Ролан Гарос откако ја елиминираше втората носителка, Елена Рибакина со 2-1 во сетови.

За Стародубцева ова е најголемата победа во нејзината кариера, а успеа да слави со пресврт. Рибакина го доби првиот сет со 6-3 и изгледаше сигурно на патот кон следната рунда, но Стародубцева потоа целосно го сврте текот на мечот.

Во вториот сет украинската тенисерка доминираше и ѝ препушти на Рибакина само еден гем, славејќи убедливо со 6-1. Решавачкиот трет сет донесе голема борба и тај-брејк, во кој Стародубцева успеа да ја комплетира сензацијата и со 7-6 да обезбеди пласман понатаму.

ВИДЕО | Медведев на Ролан Гарос се расправаше со сопругата: Кога ќе погодувам, тогаш ќе се однесувам пристојно

Швјонтек рутински до третото коло на Ролан Гарос, но и до учинок 42-3 во Париз

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот