ВИДЕО | Угина Шугар, легендата на сурфањето – првото куче примено во Куќата на славните сурфери
Кучето Шугар од Калифорнија, познато како „кучето сурфер“, угина по борбата со рак и беше првото куче некогаш примено во Куќата на славните сурфери. Деновите надвор од вода ги поминуваше утешувајќи ветерани како посветено терапевтско куче, објави „Ен-би-си Њуз“.
Препорачано
Шеснаесетгодишната вдомена кучка од Хантингтон Бич во Калифорнија, петкратна светска прва шампионка во сурфање во категоријата кучиња, угина во рацете на својот сопственик, објавено е на нејзиниот Инстаграм профил.
„Живееше за да извлекува насмевки, да волонтира, да го промени сурфањето на кучиња засекогаш! Ви благодариме што ја сакате Шугар“, стои во објавата. „Збогум, моја Шугар, не можам да верувам дека го пишувам ова… толку многу ќе ми недостигаш“.
Шугар беше најдена како скитничко куче, а низ годините нејзината љубов кон брановите и природниот талент го подигнаа сурфањето на кучиња на ново ниво.
Во спасувачки елек, публиката со восхит ја гледаше додека одржуваше рамнотежа на даската и фаќаше бран по бран до крајбрежјето, понекогаш со сопственикот Рајан Растан, а понекогаш целосно сама.
Во 2024 година, нејзините отпечатоци од шепи се приклучија на отпечатоците од раце и стапала на бројни познати сурфери, запишани во бетон во Хантингтон Бич, кога беше примена во Куќата на славните сурфери.

„Ова е едноставно неверојатно. Сонувањата се остваруваат дури и за куче сурфер и за типови како мене“, рече тогаш Растан на церемонијата.
На официјалната Фејсбук страница на Хантингтон Бич е опишана како локална легенда за која тажи заедницата на Сурф Сити.
„Од инспирација за сурферскиот свет, преку залагање за вдомување кучиња, до давање утеха на ветерани како терапевтско куче, нејзиното влијание се простираше далеку надвор од самата обала“, стои во објавата.


