ВИДЕО: Удинезе без Несторовски во победничка атмосфера пред Јувентус!

Салернитана наскоро би можеле да биде исклучена од италијанската Серија А/Фото: EPA-EFE/MARIO TADDEO

Денеска во рамките од 33 коло во најсилното италијанско првенство составот на Удинезе со резултат 2:4 го совлада Беневенто.

За гостинската екипа поради повреда не настапи македонскиот репрезентативец Илија Несторовски за кого во следниот период ќе се дознае повеќе дали ќе го пропушти Европското првенство или не.

После првото полувреме тимот од Удине водеше со 1:2, уште во четвртата минута домашната мрежа ја затресе Молина, предноста ја зголеми Арслан во 31 минута. 180 секунди подоцна на спротивната страна од пенал намали Виола.

На стартот од вториот дел за 1:3 се погрижи Стригер Ларсен, во 73 минута во листата на стрелците се запиша Брааф, а поразот на домаќините го ублажи Лападула.

На табелата Удинезе е на 11 позиција со 39 бодови, а во наредното коло на 2 мај ќе биде домаќин на Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот