ВИДЕО | Убиецот на Шабан Шаулиќ се криеше зад книга во судницата: Осуден на три години затвор

Судење за смртта на Шабан Шаулиќ

По речиси три години од сообраќајната несреќа во која близу Билефилд, Германија настрадаа фолк пејачот Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, а со тешки повреди беше Слободан Стојадиновиќ, денес на 20 јануари почна судењето врз Алсин Левент, Турчинот кој е обвинет за двојно убиство од небрежност.

Како што пренесуваат од „Телеграф“, целото семејство Шаулиќ, вдовицата Гордана, како и децата Михајло и Санела, и синот на починатиот Мирсад Кериќ, присуствуваат на судењето кое предизвика огромен интерес во јавноста, до мера што судот доби рекорден број на акредитации од германските, но и од претставниците на медиумите од околните држави.

Турчинот ја призна вината

Осомничениот за убиство, Алсин Левент влезе во судницата со капа на главата, криејќи се од медиумските блицови, а се „штитеше“ себеси со книга пред лицето.

Сопругата на Шабан, Гордана пред судењето изјави дека не знае како ќе го погледне во очи Алсин Левент кој е одговорен за смртта на нејзиниот сопруг.

Ужалената фамилија на Шабан присуствува на судењето, а Гордана изјави:

„Тагата и болката за Шабан нема никогаш да помине. Моето семејство и јас повторно мора да поминуваме низ истата агонија како пред три години. Згора на сето тоа, мораме да го возиме истиот автопат на кој мојот сопруг го изгуби животот. Не знам како ќе го издржам тоа“ – ужалена е Гордана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот