ВИДЕО | Убава вест за фановите на „Star Wars“: Погледнете го трејлерот за серијата „Obi-Wan Kenobi“

Фото: Инстаграм, „Star Wars“

На големо задоволство на обожавателите на „Star Wars“, актерот Јуан Мекгрегор повторно ѝ се враќа на својата култна улога Оби-Ван Кеноби, пишува „Variety“.

Телевизиската серија „Obi-Wan Kenobi“ ќе почне да се емитува на 25 мај, на платформата „Disney+“, а продукцијата веќе го објави и официјалниот двоминутен трејлер за серијата.

Сценариото го напиша Џоби Харолд, а серијата е снимена под режисерската палка на Дебора Чоу.

Покрај Јуан Мекгрегор, кој ја репризира улогата од трилогијата од 1999 до 2005, во серијата ќе се појави и Хејден Кристенсен кој повторно ќе биде Анакин Скајвокер, односно Дарт Ведер.

ВИДЕО | Крајот на „Војна на Ѕвездите: Империјата го возвраќа ударот“ бил сменет само за публиката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот