Туристка се онесвести откако ја касна коњот на британската кралска гарда/Фото: Скриншот

ВИДЕО: Туристка се онесвести откако ја касна коњ на британската кралска гарда

Една туристка очајно посакувала да се фотографира со коњ на британската кралска гарда пред Музејот на коњаницата и конечно собрала храброст и се доближила до коњот!

И покрај предупредувачкиот знак „Внимание, коњите може да те клоцнат или каснат“, туристката премногу се доближила до еден од нив и се фотографирала. Но, пред да ја направи последната поза, коњот се свртил кон неа, и ја гризнал за раката.

Шокираната туристка вреснала и истрчала кон нејзините пријатели додека толпата гледала со подотворена уста.

На снимката се гледа дека во одреден момент состојбата ѝ се влошува и се чини дека жената губи свест.

 

Треба да се напомене дека ова не е прв пат да се случува вакво нешто. Ова е последен во низата инциденти при кои туристите биле каснати од коњ.

Иако многумина ја сметаат за туристичка атракција, гардата на кралот е составена од елитни војници задолжени за заштита на животот и имотот на монархот. На членовите на кралската гарда генерално не им е дозволено да комуницираат со јавноста, но дозволено им  е да предупредат ако некој премногу им се приближи.

Војниците не смеат да дозволат ништо да им го оттргне вниманието од должноста – паузите во тоалет се забранети за време на двочасовните смени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот