Инцидент во Сиднеј/Фото: Ma Ping / Xinhua News / Profimedia

ВИДЕО | Трилер во Сиднеј: Маж со пушка пукал низ прозорец кон минувачи, десетици се повредени

Паника и ужас преовладуваа вчера во прометниот парк Кројдон во Сиднеј, Австралија, кога еден човек одеднаш почна да пука од прозорецот на својот стан неселективно кон луѓе и автомобили.

Сторителот, 60-годишен иселеник Артемиос Минцас кој беше уапсен по трилер-операција, држел пушка со висок калибар и наводно испукал над 50-100 куршуми.

Вршителот на должноста началник Стивен Пари тврди дека сторителот пукал „неселективно“ кон автомобили што минувале од прозорецот на неговиот стан над деловна единица, при што се повредени повеќе од десетина луѓе, а неколку автомобили се оштетени.

Областа беше блокирана подолго време, сè додека полицијата не го уапси вооружениот напаѓач, кој се забарикадира во својот стан два часа.

Според 9News , сторителот е идентификуван како 60-годишен иселеник А.М., вработен во „Сиднеј Трејнс“ и татко на две деца.

60-годишникот е сместен под надзор и се очекува да биде испрашуван од властите.

Иселеникот нема криминално досие ниту врски со организиран криминал или тероризам. Сепак, при последователен претрес на неговиот дом, запленети се неколку огнени оружја.

Полицијата соопшти дека во крвавиот пир, тешко е повреден маж на 50-годишна возраст со прострелни рани во вратот и градите, кој бил сопатник на задното седиште на автомобил кој возел низ паркот Кројдон со своето семејство кога бил погоден од куршум.

Најмалку 16 лица се здобиле со полесни повреди, а двајца мажи се однесени на лекување во Кралската болница „Принц Алфред“.

Меѓу повредите имало некои со исеченици на лицето од скршено стакло и шрапнели, додека некои пациенти биле згрижени поради шок, соопшти Брзата помош на Нов Јужен Велс.

Осомничениот за пукањето во Сиднеј/Фото: Скриншот

Полицијата сега го истражува неговиот мотив и како го набавил оружјето употребено во нападот.

Маж на возраст од околу 50 години е хоспитализиран во критична состојба со прострелни рани, додека неколку други се здобиле со повреди од стакло и шрапнели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот