ВИДЕО: Тригодишната Полина која боледува од рак со мајка си побегна од Украина во Полска

Тригодишната Полина мораше со својата мајка да побегне од Украина, таткото остана/Фото; Скриншот

Би Би Си Њуз објави потресна приказна за тригодишното девојче Полина од Украина која има редок вид на канцер кој ги погодува децата – неуробластом.

Новинарката на Би Би Си разговараше првпат со Ксенија, мајката на Полина минатата недела. додека семејството се уште беше во својот дом во Харкив, вториот по големина град во Украина. Ситуацијата беше исклучително тешка зошто лековите на Полина беа при крај, поради што семејството мораше да ризикува и да се обиде да побегне од градот.

По четири дена бегство, Полина и нејзината мајка успеаја да влезат во Полска, каде беа топло примени. Таткото на Полина не ја напушти земјата зошто на мажите на возраст од 18 до 60 години им е забрането излегување од Украина.

Полина сега при доаѓањето во Полска за првпат може да се опушти и да си игра.

„Единствен проблем сега е што прашува каде е татко и, а јас не знам што да и кажам“,  рече нејзината мајка за Би Би Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот