Доналд Трамп говори во Давос, Швајцарија - Извор Youtube

ВИДЕО | Трамп започна со говор во Давос: Ја сакам Европа и сакам да оди во вистинската насока, но не оди

„Убаво е да се биде меѓу пријатели, а и меѓу некои непријатели“, рече американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот од својот говор на Самитот во Давос, Швајцарија.

„На функцијата сум една година, економијата е во подем, инфлацијата е намалена, опасните граници се затворени. Соединетите Американски Држави се во средината на најдраматичниот економски пресврт во историјата. Пред една година, бевме мртва земја под водство на радикални левичари. Сега сме најмоќната земја. Сето ова се одлични вести. Соединетите Американски Држави се економскиот мотор на планетата. Ако ние пропаѓаме, вие пропаѓате. Она што најмногу ме изненади беше колку малку време беше потребно за сето ова да се случи“, рече Трамп.

„Некои делови од Европа денес се непрепознатливи. Ја сакам Европа и сакам да оди во вистинската насока, но не оди. Владите мислеа дека растот може да се постигне преку неконтролирана имиграција. Резултатот беше огромни дефицити и најмасовна миграција. Големи делови од светот се уништуваат пред наши очи. Сите експерти предвидоа дека мојот модел ќе доведе до рецесија. Докажавме дека сите грешат“, продолжи Трамп.

Макрон си замина од Давос откако Трамп одби да се сретне со него

Пред неговото пристигнување, неколку европски лидери го напуштија Давос, меѓу кои францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот