Доналд Трамп - Извор Принтскрин - Х

ВИДЕО | Трамп со нова остра навреда кон новинарка: Дали си глупава?

Американскиот претседател Доналд Трамп нарече американска новинарка „глупава“ откако таа му постави прашање за безбедносните проверки на авганистанските бегалци на пресконференција, јавуваат американските медиуми.

„Дали сте глупава особа?“, праша Трамп за време на говорот од неговата резиденција Мар а Лаго во Флорида, објавува „Њујорк пост“.

Инцидентот се случил кога една новинарка го прашала американскиот претседател зошто го обвинува својот претходник Џозеф Бајден, иако токму членови на администрацијата на Трамп тврделе дека Авганистанците што емигрирале во Соединетите Американски Држави биле темелно проверени, вклучувајќи го и Авганистанецот Рахманула Лаканвал, осомничен за пукање врз двајца припадници на Националната гарда во средата.

Затоа што ги пуштија внатре. Тие бегалци пристигнаа со илјадници други луѓе кои не треба да бидат тука, а вие поставувате такви прашања само затоа што сте глупав човек“, и се обрати Трамп на новинарката.

Во средата, Трамп го критикуваше и „Њујорк тајмс“ за статијата што се фокусираше на неговата возраст и зголемените знаци на замор, нарекувајќи го авторот на статијата „новинар од втор ред кој е грд одвнатре и однадвор“.

Порано овој месец, тој го нарече новинарот на Блумберг „свиња“, а друг „ужасна личност“, потсетуваат медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот