ВИДЕО | Трамп пристигна со 20 минути задоцнување на средбата со кралот Чарлс во замокот Виндзор
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија денеска пристигнаа во Велика Британија на својата втора државна посета, со спектакуларен пречек во дворецот Виндзор.
Препорачано
Хеликоптерот „Сикорски Марин Уан“ слета во резиденцијата каде што првата двојка беше пречекана од принцот и принцезата од Велс, а потоа и од кралот Чарлс и кралицата Камила, пишува британско Метро.

Најголем воен церемонијал за странски лидер
Како што пишуваат британските медиуми иако Трамп доцнел дваесетина минути пречекот на Трамп беше обележан со најголема воена церемонија за државна посета во живо сеќавање.
На источниот тревник на замокот Виндзор, Кралската коњска артилерија испука поздрав од 41 куршум од топови од Првата светска војна, додека паралелно Чесната артилериска чета изведе поздрав во Лондон.
Со повеќе од 1.300 британски војници и околу 120 коњи вклучени во поворката со кочии, обемот на церемонијата далеку го надмина оној на пречекот за францускиот претседател Емануел Макрон, за кој беа ангажирани 850 војници. За прв пат во историјата, американски и британски воени авиони ќе изведат заеднички прелет во чест на американски претседател.
Скандал со проекција на слики
Церемонијата ја засени инцидент – четири лица беа уапсени откако преку ноќ на ѕидовите на замокот Виндзор проектираа фотографии на Доналд Трамп заедно со Џефри Епштајн.
Иако властите инсистираа дека безбедносните протоколи се беспрекорно спроведени, скандалот отвори прашања за политичката симболика и безбедносните ризици на еден од најгледаните дипломатски настани во последните години.


