Фото: Принтскрин

ВИДЕО: Трагедија кај римскиот Колосеум, се урна кула — спасувачите бараат човек под урнатините

Работник завршил во болница со тешки повреди по делумното уривање на средновековна кула што се реновирала во центарот на Рим, во близина на Колосеумот, објави „Ројтерс“.

Според истите информации, уште двајца работници се полесно повредени, но одбиле да бидат пренесени во болница.

Портпаролот на италијанската противпожарна служба, Лука Кари, изјави за „Ројтерс“ дека екипите за итни интервенции работеле на извлекување човек заробен под урнатините.

Кулата Торе деј Конти, висока 29 метри, се наоѓа на улицата Виа деи Фори Империали — широкиот булевар што води од плоштадот Пјаца Венеција до Колосеумот.

Објектот не бил во употреба од 2006 година, но се реновирал во рамки на четиригодишен проект што требало да заврши следната година, соопштија градските власти на Рим.

Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат облаци прашина што излегуваат од прозорците на кулата и звук на рушење на камен.

Поради реставраторските работи, просторот околу кулата бил затворен за пешаци. Зградата ја изградил папата Иноќентиј III за неговото семејство на почетокот на 13 век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот