фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

ВИДЕО | Торино и Елмас запишаа нова победа во Серија А

Денеска во рамките од 29 коло во италијанскиот фудбалски шампионат екипата на Торино со 1:0 дома го совлада Емполи.

Стрелец на единствениот гол за „биковите“ беше Никола Влашиќ во 70 минута од средбата.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер во домашната екипа и настапи до 83 минута кога беше заменет од Јан Карамо.

Ова е вкупно деветта победа за Торино сезонава во Серија А за моментно 11 место со 38 бодови.

Емполи кој го претрпе 15 пораз се наоѓа во опасната зона за испаѓање од елитата на 18 место со 22 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот