ВИДЕО: Томовски во Топ 5 одбрани на колото во Лигата на шампионите

Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски/Фото: РК Вардар1961/Денис Дуковски

Вардар 1961 никако да им се врати на победите, се наоѓа во лоша серија од четири последователни порази во Лигата на шампионите.

Играчите предводени од тренерот Веселин Вујовиќ загубија на гостувањето во Унгарија од Пик Сегед со резултат 34:31.

После секое коло во изборот на ЕХФтв се објавуваат најдобрите пет одбрани на колото, а во најновиот избор се наоѓа македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски.

Нашиот чувар на мрежата имаше уште една добра партија забележувајќи вкупно 13 одбрани.

Токму една од нив се наоѓа и во Топ 5 одбрани на колото во ЛШ, поточно се наоѓа на петтата позиција.

Во следното осмо коло Вардар 1961 повторно ќе игра против Пик Сегед овојпат на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје на 25 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот