ВИДЕО | Тинејџер се снимал како вози скутер на едно тркало, полицијата го најде и ќе го казни
На социјалните мрежи се појави видео на кое тинејџер вози скутер на едно тркало, а полицијата го идентификуваше и сега ќе добие казна.
Препорачано
„Во врска со видео објава споделена на социјалната мрежа Фејсбук, на која се забележува лице кое управува скутер на едно тркало и со таквото однесување ја загрозува безбедноста во сообраќајот, полициски службеници веднаш презедоа мерки и активности за идентификација на лицето. По преземените активности, од страна на СВР Штип утврдено е дека на 11.05.2026 година околу 21.00 часот, на раскрсницата помеѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Борис Крајгер“ во Штип, Е.Б.(15) од Штип сторил кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, како и сообраќајни прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека лицето е пронајдено и идентификувано, а против него се преземаат соодветни законски мерки согласно важечките законски прописи.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да се однесуваат совесно и одговорно и да не изведуваат опасни дејствија со кои се загрозува сопствената безбедност, како и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.


