семејно насилство фото: МВР

Насилник од Кисела Вода ја извлекол од дома поранешната партнерка, ја влечел по улица и ја тепал со шлаканици и клоци

Ново брутално насилство, изврешно од маж врз жена ја потресе јавноста.

45-годишен маж од Кисела Вода ја извадил од домот поранешната партнерка, ја влечел по улица до неговиот дом, каде што ја тепал со шлаканици, клоци и со телефон, при што на жената ѝ нанел тешки повреди по главата и телото.

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против насилникот и предложи притвор за кривично дело – Телесна повреда. На осомничениот претходно му биле определени мерки на претпазливост за насилство врз неговата мајка и снаа за брат.

„Ја извлекол на сила од домот во кој живеела жртвата, ја влечел и туркал до неговиот дом во близина, ја внел внатре и физички ја нападнал, удирајќи ја со шлаканици, клоци и со мобилен телефон. На жената и нанел телесни повреди – рани и хематоми по главата и телото. На осомничениот од страна на судија на претходна постапка претходно му биле определени мерки на претпазливост за насилство извршено кон неговата мајка и снаа за брат. Последниот настан укажува дека за кратко време тој ги повторува насилничките дејствија, односно манифестирал насилничко однесување и спрема неговата поранешна партнерка“ соопшти обвинителството.

Во исто време, постои ризик од бегство со цел да избегне кривична одговорност за сторените кривични дела, па јавниот обвинител сега од судот побара да определи најстрога мерка – притвор за осомничениот.

ВИДЕО | „Легнувај на земја!“ — дузина полицајци апсеа дрзок Холанѓанец кој наводно носел пиштол кај „Силбо“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот