ВИДЕО | Тијана во трка за претставник на Србија на Евровизија 2022: Слушнете ја „Љуби, љуби, довека“

тијана бапчевиќ беовизија
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Евросонгот се наближува, а Србија новиот претставник и песната за овогодинешниот натпревар во Торино, Италија, ќе го избира на фестивалот „Песна за Евровизија 22“, преку две полуфинални вечери на 3 и 4 март, и на големото финале на 5 март.

Меѓу 36-те кандидати се најде и македонската пејачка Тијана Дапчевиќ која ќе се претстави со песната „Љуби, љуби, довека“. За нумерата, музиката и текстот ги напишала Леонтина Вукомановиќ, а за аранжманот и продукцијата е заслужен Немања Филиповиќ.

Тијана денеска во 14 часот ја промовираше „Љуби, љуби, довека“.

Меѓу претставниците кои се во трката за Евросонг 2022 го Италија, се наоѓаат и звучни имиња, меѓу кои, Гоца Тржан, Аца Лукас, Сара Јо, Ангелина, Ана Станиќ

Конкурсот за српски претставник за „Песна на Евровизија 2022“ заврши на 1 декември, а на 17 декември комисијата за избор ги изгласа композициите кои по електронски пат пристигнаа на адресата на Српската радио телевизија.

Во пресрет на „Песни за Евровизија ’22“, од денеска учесниците на овогодинешниот избор во наредните денови ги претставуваат своите песни на Јавниот сервис.

 

Веќе се нижат позитивни коментари под објавената песна.

Дали Тијана ќе ја претставува Србија во Торино, останува да видиме.

Тијана Дапчевиќ ќе „Љуби, љуби довека“ на „Беовизија“: Пејачката во трка за претставник на Србија на „Евровизија 2022“

Инаку, Тијана ја претставуаше Македонија на Евровизија во 2014 година со песната „To the sky“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот