Тијана Дапчевиќ ќе „Љуби, љуби довека“ на „Беовизија“: Пејачката во трка за претставник на Србија на „Евровизија 2022“

тијана бапчевиќ беовизија
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пејачката и актерка Тијана Дапчевиќ ги потврди гласините дека ќе настапува на натпреварот за претставник на Србија на Евровизија 2022, Беовизија, откако веста се протече на српските медиуми.

„Да, точно е дека ќе настапувам на Беовизија, која се одржува на почетокот на март“, напиша Тијана на почетокот на нејзината објава на својот инстаграм-профил.

Песната првично требаше да ја изведе Стефан Здравковиќ (Принц од Врање) и го носеше името „Ljubi svoga čoveka“. Текстот на песната е модифициран за да одговара на Тијана, а песната сега го носи насловот „Љуби, Љуби довека“.

„Имам сјајна песна, под назив “Љуби, љуби довека” за која музиката и текстот ги напиша мојата драга Леонтина Вукомановиќ @leontina012, аранжман и продукција Немања Филиповиќ“, напиша таа.

Тијана секако им е позната на многу евровизиски фанови откако ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија во 2014 година со песната „To The Sky“, иако не успеа да се пласира во финалето. Нејзината сестра Тамара Тодевска, ја претставуваше Македонија во 2008 и 2019 година.

„Јас на секој фестивал до сега одев за да промовирам песна (што и виде на претодните фестивали каде се изненадував на својата победа), па така одам и на овој. Ќе биде тоа сјајна журка, учествуваат мои сјајни колеги и едвај чекам да ја слушнете оваа песна бидејќи сум убедена дека ќе ви се допадне!“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот